„Груевски со своето 20 години старо „Пунто“ го предводи протестниот конвој“ е насловот кој кружи на порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ за денешниот протест на опозициската партија.
Порталите пишуваат дека Никола Груевски со своето „Пунто“ го предводел конвојот кој протестираше како поддршка на притворените за крвавиот упад во Собранието, за што има и фотографии.
Сепак, доколку се отвори имотниот лист на пратеникот Никола Груевски кој го поднел кога стапил на функцијата може да се види дека тој нема пријавено автомобил на свое име, а никаков автомобил немаше пријавено ниту во времето кога беше премиер.
Нејасно е дали се работи за ПР грешка, или пак Груевски лажел кога го пријавувал својот имот во Државната комисија за спречување корупција.
Извор: den.mk