Министерството за финансии соопшти дека Европската комисија позитивно ги оценила македонските економски реформи во овогодишниот извештај.
Во соопштението се вели дека Македонија покажала напредок во исполнувањето на насоките на ЕУ во Програмата за економски реформи во споредба со земјите од регионот.
Напредокот бил истакнат на денешниот дијалог помеѓу ЕУ, Западен Балкан и Турција на кој присуствуваа министерот за финансии, Драган Тевдовски и гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска- Бежоска.
Извор: Алсат