Повредил пешак, избегал па потоа сам се пријавил во Полициска станица

На 27.10.2017 година околу 22,20 часот на булевар “Крсте Мисирков” патничко моторно возило со скопски регистарски ознаки управувано од Р.А.(51) од Скопје удрило во пешакот К.Г.(19) од Р. Косово, кој живее во Скопје. Р.А. го напуштил местото на настанот и во 23,30 часот сам се пријавил во Полициската станица Центар.

Од сообраќајната незгода со повреди се здобил пешакот и истиот со возило на брза помош е пренесен во Градска општа болница “Св. Наум Охридски”, каде му се констатирани тешки телесни повреди (фрактура на лева потколеница и повреда на лево рамо), по што е однесен во Ургентен Центар на трауматологија, каде е задржан на понатамошно лекување . Извршен е увид на местото на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e