Владата на Република Македонија на денешната седница донесе oдлука за давање на согласност на Договорот за доделување на државна помош на Друштвото за производство, трговија и услуги БАУМЕР ДООЕЛ Скопје, кое ќе произведува софистицирана мерна опрема и која, како дел од својата инвестиција ќе организира развојно истражувачки центар.
Министрите во владата денеска донесоа одлука за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината со Друштво за производство, трговија и услуги БАЛКАНЛАР ПЛАСТИК ПРОИЗВОДСТВО ДОО увоз – извоз Скопје, како закупец на земјиште. Сопственото учество на компанијата во оваа инвестиција изнесува 8 милиони евра, и предвидува 80 вработувања.
На оваа, 71 седница, Владата на РМ донесе Одлука за давање на согласност на Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштво за производство, трговија и услуги ЗЕНИТ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ПРОДУКТС ДООЕЛ Скопје, како закупец на земјиште, и одлуки за определување на периодот на закуп и за висината за закупнината на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1. Овој договор за државна помош за една странска инввестиција е 13 по ред за една година и вреди 3 милиони евра.
Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за формирање на Комисија за евалуација на барањата за финансиска поддршка на инвестиции, и го задолжи Министерството за економија, врз основа на доставените номинации, да достави Решение за формирање на оваа комисија.