Потребата од носење на Законот за ЈО е суштинска и во интерес на воспоставувањето на правната држава

-На претпоследниот Централен одбор на партијата донесовме Декларација за бескомпромисна борба против корупцијата, во тој аспект повикуваме да надлежните институции го расчистат до крај случајот и се утврди вина за сите којшто го прекршиле законот, немаме никаква намера да штитиме било кој за кого во транспарентна постапка ќе се утврди дека го прекршил законот, вклучително и за членови и на СДСМ. Но на ниту еден можен начин, тоа не може да го поврземе со промените којшто се случуваат во СДСМ и ќе се случуваат затоа што нашата намера е јасна, промените се сосема нормална појава за една демократска партија каква што е СДСМ и тие на ниеден начин не можат да бидат поврзани со било која афера што се случува во државата или би се случила.

Очекувањата беа дека денеска ќе продолжат разговорите помеѓу преговарачките групи од партиите, немам инфорамција кога би се одржала денеска средбата и на кое место. Очекуваме како партија и јасно апелираме дека на првата седница по завршувањето на одморите на пратениците, ќе биде Законот за Јавното обвинителство. Суштинска е потребата од носењето на еден таков закон, а се во интерес на воспоставувањето на правната држава во Република Северна Македонија. Очекувам дека сите мои колеги пратеници дека ќе се издигнат навистина над партиските интереси и во функција на правото, правната држава и секако во интерес на граѓаните со консензус да го донесеме Законот за Јавното обвинителство. – рече денес Костадин Костадинов потпарол на СДСм и пратеник, одговарајќи на новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e