Потпишани првите договори за Програмата ИПАРД 2014-2020

Денеска во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се потпишаа првите четери договори за користење на финансиски средства од Програмата ИПАРД 2014-2020. Во текот на следните денови ќе биде потпишан уште еден договор. Договорите беа потпишани од страна на директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски, а на чинот на потпишување присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

28576605_1659674730756746_3103935050894398785_n

Министерот Николовски посочи дека ефикасното искористување на ИПАРД Програмите е еден од главните приорити на МЗШВ, со цел приближување до европскиот аграр.

„Станува збор за 60 милиони неповратни средства, европски пари. Нашата цел е ефикасно искориствување на европските фондови, ако изминатите години искористеноста била слаба, сега сакаме ова да биде една успешна политика на Владата на Република Македонија, и затоа сме целосно фокусирани да ги направиме сите подготвителни активности сите промени, во било кој дел, се со цел овие средства да бидат искористени за модернизирање на земјоделството и создавање на конкурентни производи“, изјави министерот Николовски.

28685054_1659674774090075_7930530264210423820_n

Директорот Бабовски изјави дека, Платежната агенција успеа со расположливиот капацитет за неполни осум месеци да се стигне до потпишување на првите пет договори за Програмата ИПАРД 2014-2020.

„На овој начин покажуваме дека Владата на Република Македонија е целосно посветена на ефикасно искористување на парите од ИПАРД Програмите, и ова е еден добар пример.Исто така работиме и на акредитација на нови мерки, тоа е мерката Рурална јавна инфраструктура и ЛИДЕР Програмата заедно со советодавните услуги, кои и на нашите земјоделци и на преработувачките капацитети, ќе им го олесни патот за користење на парите од ИПАРД Програмата 2014-2020, изјави директорот Бабовски.

28685565_1659674950756724_3952285902471921368_n

На првиот јавен повик од ИПАРД Програмата 2014-2020 кој беше објавен лани, има рекордно голем број на добиени барања за ко-финансирање. Пристиганти се 1.648 барања, со вкупна побарана финансиска поддршка од околу 73,6 милиони евра. Станува збор за мерките: Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства, Инвестиции во основни средства за преработка на земјоделски и рибни производи и Диферзификација на фармите и развој на  бизниси. Вкупните финансиски средства од целата ИПАРД Програма 2014-2020 која може да се користи до 2023 година изнесува 79,6 милиони евра, од кои 60 милиони евра се од европските фондови, а останатите се национално буџетирање.

28685586_1659674984090054_36576792187035361_n

До денеска се одобрени 5 решенија за одобрување на барање за финансиска поддршка од мерката 3 “Инвестиции во основни сресдства за преработка на земјоделски и рибни производи“ со вкупна вредност на финансиска поддршка до 310.000 евра, од кои  232.500 евра се европски средства.

Во тек се проверките на останатите предмети од трите мерки и се очекува во месец март и април да бидат склучени договорите за сите мерки.Еден од проблемите со кој се соочуваат потенцијалните корисници на ИПАРД Програмите е недостаток на средства за реализација на инвестицијата, затоа МЗШВ во соработка со другите институции интензивно  работи на воспоставување на механизам, односно  гарантен фонд, кој би овозможил предфинансирање за ИПАРД Програмите.

28660582_1659674917423394_1346494685505374101_n

Министерот Николовски и директорот Бабовски, истакнаа дека за ефикасна искористеност на средствата, потребна е силна екипираност на Платежната агенција, а Владата веќе го детектираше проблемот, и во тек е процесот за првите нови вработувања и кадровска екипираност на Платежната Агенција и на Телото за управување со ИПАРД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e