По апелот за помош кој беше испратен преку медиумите за малата Анастасија на која треба да и се оперира ногата, веднаш реагираа од кабинетот на министерот за здравство, Венко Филипче и информираа дека министерот е запознаен со овој случај и веднаш се превземени мерки за понатамошно лекување на нејзината нога.
Овој гест, од страна на министерството наиде на поздравување од јавноста, бидејќи сите сме сведоци како во минатото вакви слични случаи воопшто не беа третирани а децата беа оставани на божја волја, со оправдување дека државата нема пари за нивно лекување.