Поради зголемените врнежи од дожд и топењето на снегот во повисоките предели, постои опасност од излевање на реките Вардар и Треска, предупредуваат надлежните служби.
Нивото на водостојот е во пораст, особено во деловите каде што коритата се потесни и каде има насобрано нанос и отпад. Граѓаните кои живеат во близина на реките се повикуваат на зголемена претпазливост, а се препорачува и внимателно движење по кејовите, мостовите и земјените патеки покрај речните текови.
Екипите на терен ја следат состојбата и се подготвени да интервенираат доколку дојде до излевање. Доколку се забележи нагло покачување на нивото на водата или поплавување, граѓаните веднаш да пријават во надлежните служби.
