Во текот на вчерашниот ден (02.01.2018 година), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди, од кои три со телесни повреди и осум со материјална штета.
При сообраќајните незгоди осум лица се здобиле со лесни телесни повреди. 11 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи еден го управувал возилото под дејство на алкохол додека 10 возачи управувале возило без да се стекнат со право за управување на моторно возило. По еден возач е санкциониран бидејќи ја поминал крстосницата на црвено светло односно не дал првенство на минување на пешаци.
Во текот на изминатиот ден издадени се 88 мандатни платни налози, додека 85 возила се подигнати со “пајак”.