По повод претстојниот „Дигитален самит на земјите од западен Балкан“ што на 18 и 19 овој месец ќе се одржува во Скопје во хотелот „Александар Палас“ како и во ВИП Арена (сала „Борис Трајковски“), од денеска (17.04.) од 15.00 часот, како и наредните два дена (18/19/04.), односно до 15.30 часот на 19.04., СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за сообраќајниците околу овие објекти.
Имено, со посебниот режим ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците „Јадранска магистрала“, „Скупи“, делови од булеварите „8-ми Септември“, „Илинден“, како и другите сервисни улици коишто гравитираат кон двата објекта (ВИП Арената и хотелот „Александар Палас“). Исто така, посебен сообраќаен режим е предвиден и за обиколницата на автопатот до Скопскиот аеродром.