Во порталот Република, кој до пред две години имаше газди од Белизе влегува фирма со унгарски капитал. Друштвото за услуги Адинамик Медиа ДООЕЛ Скопје, му се приклучува на досегашниот сопственик Доне Доневски и станува нов газда на веб-порталот, пренесува Призма.
Седиштето на оваа фирма, чиј газда е Унгарец, според податоците од Централниот регистар, се наоѓа на истата адреса со телевизијата Нова на бизнисменот Сеад Кочан, на булеварот Киро Глигоров 4. Фирмата Адинамик Медиа е формирана во септември минатата година со паричен влог од 180.000 евра, а сопственик е извесна Агнеш Адамик од Будимпешта.
Целиот текст на следниот линк