Според информации до кои дојде И-Портал, членовите на Државната изборна комисија, предложени од СДСМ, Игор Милев и Виолета Дума, до Собранието на Република Македонија поднеле неотповикливо барање за престанок на функцијата членови на ДИК.
Предходно, дознаваме двајцата членови на ДИК извршиле поврат на средствата добиени по основ за надоместок за спроведените избори, односно ги вратиле во буџетот на Република Македонија.