Пораст на трговијата со луѓе во услови на пандемија, социјалните мрежи нов облик за регрутација

Трговија со луѓе, тема многу чувствителна, сериозна, за ранлива категорија граѓани, што укажува на потребата од континуирано работење заради препознавање, давање помош и поддршка, но во јавноста многу малку пласирана и на која малку и е посветено внимание.

Најважен е пристапот, жртвата мора да почувствува дека ја разбираш, дека не е само бројка, да стекне доверба, оти може да очекува помош, оти не е сама и оти ќе ја водиш низ каналите до безбедност и заштита. Треба да се јакне и свеста за да бидеме подготвени да им помогнеме безрезервно на жртвите на трговија со луѓе (ЖТЛ) преку соодветните стручни капацитети од надлежните експерти во делот на стручната помош и поддршка и во обезбедувањето на сите права што им ги дава и Уставот и меѓународните документи како граѓани на оваа држава.

Трговијата со луѓе е општествен, повеќедимензионален, криминален, и социјален проблем со кој се кршат основните човекови права и слободи на ЖТЛ. РС Македонија е една од првите земји во регионот која ги започна законските реформи за ефективна борба против трговијата со луѓе и има воспоставено одговорен, оперативен и координативен систем во согласност со релевантните меѓунаордни конвенции и протоколи.

Ана, која веќе е ресоцијализирана жртва на трговија со луѓе, во телефонски разговор, ја раскажа својата приказна. Како една од |ЖТЛ, искрено, вели таа, не се излажав ниту за пари, ниту за шетање, бидејќи потекнувам од добро ситуирано семејство, само што ете, издивнува, запознав погрешни луѓе и навлегов во погрешни води. Нагласува дека не е таа единствена жртва на трговија со луѓе, има, истакна Ана, и ќе има жртви на трговија со луѓе. Затоа, испраќа, како што вели, порака од срце до сите, да ги слушаат своите родители, да се внимава, да не им се верува на сите луѓе, да се чуваат, оти не се знае никогаш од каде демне злото.

Ана оценува дека државата треба повеќе да се ангажира за оваа проблематика, социјалните работници да бидат на располагање, да бидат поблиску до граѓаните. Најважно е, според неа, во училиштата, на учениците во седмо, осмо одделение и на средношколците, тимови составени од професионалци да им објаснуваат со што може да се соочат и што може да им се случи.

– Се трудам на сите да им укажам дека не е сјајно и оти ЖТЛ се малолетни девојчиња со 13, 14, 15 и 16 години, девојчиња кои можат лесно да се излажат. Некои ги подмитуваат со пари, некои со шетања и тоа е тоа како секој може да се излаже, изјави Ана.

Проширување на мултисекторскииот пристап, програми, средства, буџет и можности, за да можат овие лица да бидат на еднаква основа со другите, да можат независно да живеат, да функционираат и да придонесат во општеството. Активно вклучување и соработка со локалните самоуправи во целиот процес во борбата против трговијата со луѓе, особено во текот на нивната ресоцијализицијата за да можат лицата да продолжат со нормален живот, креирање програми за ресоцијализација на локално ниво, вклучување ресурси со кои располага општината и формирање локални комисии за борба против трговијата сз луѓе.

Ова се дел од заедничките препораки за поефикасна и поуспешна борба против трговијата со луѓе, упатени од страна на заменик народниот правобранителот Васка Бајрамовска – Мустафа, од Магдалена Несторовска, државен секретар во МВР и координаторка на Национална комисија за борба против трговијата со луѓе, од Светлана Цветковска, координаторка на Националниот механизам за упатување жртви на трговија со луѓе при Министерството за труд и социјална политика, од Маја Варошлија, раководителка на програма за помош и поддршка Отворена Порта – Ла Страда и од Соња Божиновска Петрушевска, раководител на канцеларијата на Mеѓународната организација за миграција (ИОМ).

Целата тема прочитајте ја на МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e