Поранешен министер, oд владата на Груевски, опфатен во истрагата за перење пари во НЛБ банка?

Истрагата за перењето пари во НЛБ банка опфати осуммина, меѓу кои екс министер од владата на Груевски и Ахмети, поранешен директор на банката, адвокат, нотар и други лица, како и еден државјанин на Словенија, пренесува агенцијата Макфакс.

Четири од осумте лица се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластувањето, перење пари и други приноси од казниво дело.

Според информациите на новинската агенција, од обвинителството се сомневаат дека осомничените во периодот од 2006 до 2017 година основале фирми, подигале кредити и префрлале пари во Словенија и во австриски фирми, а потоа дел од средствата ги инвестирале во отворање нови фирми и купувале недвижен имот во Битола.

Обвинителката Ивана Трајчева од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција донела наредба за вештачење во предметот за злоупотреба на службената положба и перење пари во НЛБ банка, потврдија од таму за Макфакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e