Поради неносење маска вчера се казнети 382 граѓани, 22 санкции за прекршување на полициски час

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 382 прекршоци и се констатирани 22 прекршоци на полицискиот час, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел заеднички придонес за спречување на ширењето на Ковид 19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e