Се случило многу често администрацијата да не е подготвена да ги презентира фактите и аргументите на начин на којшто ние тоа го очекуваме. И тука дефинитивно многу треба да се поработи, затоа што ако не функционира остатокот од системот, вие не можете да говорите дека сме ја постигнале онаа транспарентност којашто им ја ветивме на граѓаните, вели министерот без ресор задолжен за транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, во неделното интервју на РСЕ.