Пратеничката на ДОМ и предводник на групата пратеници кои поднесоа предлог за измени во Изборниот законик, Лилјана Поповска не гледа причина зошто пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и владејачката ДУИ не би дошле на јавната расправа за измените за една изборна единица, отворени листи и еднаква родова застапеност, бидејќи смета дека со амандманите, тие се во комотна позиција да дебатираат, пишува Локално.
Таа во изјава за Локално вели дека за неа била непредвидлива реакцијата на двете партии, па затоа не би можела да предвиди што би било следно.
„Не очекувам опструкции, тие веќе го блокираа носењето на измените со амандманите. Интересно би било да кажат зошто се против и што тоа ќе им смени во животот, како ќе образложат зошто се против една изборна единица, зошто се против отворени листи, зошто се против еднаква родова застапеност, бидејќи сега е предвидено 40% застапеност на жените, а со измените ќе биде 50%, односно да образложат зошто се против очигледна демократизација, кои се аргументите со кои тие го блокираат носењето на измените во Изборниот законик“, вели Поповска за Локално.
Според долгогодишната пратеничка, за првпат има опструкции и од првиот меѓу еднаквите, односно претседателот на Собранието, Талат Џафери. Таа смета дека може да се одржи и амандманската расправа, бидејќи севкупно се работи за неколку членови од Законот.
Целиот текст прочитајте го на Локално.мк