Урнатините на дворот сè уште му будат лоши спомени на Златко Јовевски од Смилковце. Неговата куќа е скоро уништена од поплавите во почетокот на август, но и дополнително оштетена од неодамнешните серија земјотреси.
Жителите од ова место на периферијата од Скопје, пред само еден месец, ги видоа буиците што однесоа човечки животи, па го почуствуваа и земјотресот што на многу од скопјаните им го всади стравот од нова несреќа. За така кусо време ова стана топ-вест во светот, со бројот на жртвите, но и епицентарот на серијата скопски земјотреси.
“Куќата ми е целосно уништена. Во поплавата на 6 август ги изгубив најблиските. Мајка ми ја нaјдов на 500 метри од куќата, а сестра ми дури во Стајковци“, вели Јовевски, не можејќи да се смири со трагедијата која му го упропасти животот.
Тој не верува дека некој друг во Смилковцепретрпел поголема штета од него. Уништена му е целата покуќнина, двете бавчи, тракторите, автомобилот. Надлежните направиле увид за штетите, но Јовевски се уште нема добиено проценка колкви се и со што ќе му помогнат. Со сопругата се невработени, а имаат две дечиња.
„Ако државата не ни помогне, не знам како ќе скрпиме крај со крај. Досега живеевме од земјоделието. Значи цел живот што сум се мачел, поплавата за неколку часа се ми зеде. Сега живеам само од хуманитарна помош. Стравот и немоќта нè покосија, што уште да доживееме”, вели Јовевски.
Јовевски слушнал како општинските власти се правдале дека ги чистат одводните канали, но, според него „прашањето е колку често тоа го правеа“.
“По големото невреме дојдоа и ги исчистија, но мислам дека претходно подолго време не беа исчистени”, објаснува Јовевски.
Целиот текст прочитајте го тука.
За поврзани вести продолжете надолу