Почитувани граѓани,
ВМРО-ДПМНЕ, во недостиг на реални политики кои се во интерес на пензионерите и за да го прикрие стравот на својата врхушка од сосема извесниот пораз на претстојните локални избори, очајно и упорно се обидува, со манипулации, невистини и лажни иницијативи и предлози, повторно да ги прелаже пензионерите.
ВМРО-ДПМНЕ, која на пензионерите со години им го одзема законското право за усогласување на пензиите со порастот на трошоците за живот и растот на платите и која на поголемиот број од нив им кратеше од пензиите, сега нема никакво право да глуми заштитник на пензионерите.
Пензионерите конечно имаат можност да видат дека новата Влада предводена од СДСМ, со домаќинско работење и кратење од непродуктивните трошења, како и со покачување на минималната плата на 12.000 денари, овозможува стабилизирање на приливите на средства во ФПИОМ, обезбедува долгорочна сигурност во исплатата на пензиите како и нивно редовно усогласување два пати во годината, со што во просек за цела 2017 година секој пензионер ќе добие по 2160 денари, стои во соопштението на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ).