Во Пелагонискиот и во Струмичкиот регион почна чистење на сливовите на реките Црна и Струмица. Станува збор за обемен зафат за зголемување на пропусната способност на постоечката каналска мрежа, преку отстранување на вегетацијата и акумулираниот нанос, како и реконструкција на оштетените делови на регулираните делници.
Со 7 милиони евра од Програмата на ЕУ ќе се санират штетите од поплавите на земјоделските површини и населените места во Пелагонија и сливот на река Струмица.
Со средства од ЕУ ќе бидат исчистени околу 40 километри канали во сливот на Црна Река во Пелагонија и околу 20 километри во сливот на реката Струмица.
Најголеми штети во пелагонискиот регион претрпеа општините Битола, Прилеп, Новаци, Могила, Кривогаштани и Крушево, во кои беа загрозени домовите на околу 15 илјади лица, а беа поплавени десетици илјади хектари земја. Во струмичкиот регион најпогодени од поплавите беа Муртино, Сачево, Просениково, Дабиле и други населени места. Поплавени беа домови, земјоделски култури и механизација. Токму во овие подрачја, како најподложни на поплави, ќе бидат сконцентрирани најголемиот број на интервенциите во рамките на Програмата.
За поврзани вести продолжете надолу