Ова е интензивниот оддел на Клиниката за гинекологија во Скопје во кој се сместени најризичните новороденчиња од цела Македонија. Стандардите налагаат меѓу инкубаторите да има најмалку девет метри растојание. Но, тука тие се оддалечени по само неколку сантиметри. Вработените се задоволни дури и од тоа што веќе нема по две деца во еден инкубатор.
„Верувајте, воопшто не е лесно за ниедна сестра да работи, да кажеме 12 часа покрај едно дете.
Го вентилирате, давате сè што е потребно буквално се борите за неговиот живот и на крај да ви почине… Да, малку сме, точно е, ако на пример, по светски стандард, би требало на 12 вентилирачки места, колку што ние имаме машини, да има минимум 6 сестри, ние имаме на 12 ветилирачки места имаме само 2 сестри. Значи тоа е надчовечки напор од целиот персонал на ова одделение“, рече Тања Трајковска – Медицинска сестра, Клиника за гинекологија.
Оваа клиника е најголемото родилиште во Македонија. И државните и приватните болници од цела Македонија, кога ќе се се соочат со ризично породување, пацинетите веднаш ги препраќаат на скопска гинекологија, која не смее да одбие никого.
Целиот текст на Алсат прочитајте го ТУКА.