Економијата е жртва на политиката, сметаат македонските бизнисмени. Велат дека токму кога се вратила довербата и почнале да се подготвуваат за инвестиции, врз нив демотивирачки влијаела најавата за нова можна политичка криза. Стравуваат дека и оваа, како и минатата година ќе бидат економски промашени. Впечаток на стопанствениците е дека економијата е надвор од фокусот на Владата.
„Бизнисмените се прашуваме, што ќе не очекува, што понатаму.Како ќе го водиме бизнисот? Бидејќи дел од бинисмените почнаа да чувствуваат стабилност, почнаа да размислуваат за нови инвестиции, ги воспоставија контактите за нови инвестиции и да се ослободат од притисокот.Сега на повидок повторно е политичка криза која може да ги успори во одлуките дел од инвеститорите“, изјави Миле Бошков – Конфедерација на работодавачи
Според стопанствениците, на бизнисот не му требааат само пари за да биде успешен, туку потребни се нова регулаторна гилотинана, намалување на фискалните давачки, подобра инфраструктура и многу побрзи економски одлуки од институциите и од Владата. Бошков вели дека ако политиката ја зароби домашната економија, не може да се испорача економски раст од 3,2 отсто за годинава. Од Владата со став дека економскиот раст ќе го базираат на нови капитални инвестиции.
„Ние решивме економскиот раст да го градиме во два правци. Едниот правец се инфраструкторни проекти за кој нема да зборувам, но тие ќе бидат само такви кој ќе овозможат да се развива индустријата и сите да бидат во корист и на економијата и на граѓаните“, посочи Кочо Анѓушев- Вицепремиер за економски прашања
Дека се потребни итни економски реформи во земјава, се нотира и во најновиот извештај на „Стандард и Пурс“. Тие во извештајот го потврдија кредитниот рејтинг на земјава „ББ минус“, но, наведуваат дека земјава може да има подобар рејтинг само ако се обезбеди повисок раст на доходот, повисока ефективност и отчетност на јавните институции. Од таму предупредија и дека враќање на политички тензии негативно ќе влијаат на ефектот и растот на странските инвестиции, а во прашање ќе се доведе оддржливоста на јавниот долг доколку има финансиска недисциплина или вон – буџетски активности.