Полицискиот час не го почитувале 11 лица, 558 санкции за неносење маска

Од 22 часот (16.03.2021) до 05 часот (17.03.2021) констатирано е дека 11 лица не ја почитувале забраната за движење, информираа денеска од МВР.

Во текот на изминатото деноноќие пак на територијата на Република Северна Македонија, за мерката не носење лична заштита на лице, регистрирани се 558 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e