Забраната за движење, во текот на вчерашниот ден од 20:00 часот до 05:00 часот денеска ја прекршиле 43 лица. Во период од 25 до 26 април, на територијата на Северна Македонија регистрирани се 484 прекршоци за мерката за носење лична заштита на лице, информира Министерството за внатрешни работи
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел заеднички придонес во борбата против коронавирусот.
