Полицискиот час го прекршиле 16 лица, 188 санкционирани за неносење маска

Синоќешниот полициски час не го почитувале 16 лица, а во текот на изминатото деноноќие регистрирани се 188 прекршоци за неносење лична заштита на лице на територијата на целата држава, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, за како што велат, сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e