Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против З.С. вработен како инспектор во Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Кочани, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – “злоупотреба на службената положба и овластувања“ по член 335 став 2 а во врска со член 45 од КЗ на РМ.
Имено, пријавениот, со непревземање на службени дејствија во рамките на овластувањата дозволил да застарат кривични пријави со што предизвикал штета на засегнати граѓани од 409.000 денари. Против полицискиот службеник е поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и истиот ќе биде суспендиран од работното место до завршување на постапката, информираат од МВР.