И претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски, денеска поднесе оставка од функцијата во ДИК.
Предходно, барања за неотповиклива оставка до Собранието на Р.Македонија поднесоа и членовите на ДИК, предложени од СДСМ, Игор Милев и Виолета Дума.
Милев и Дума, извршиле поврат на средствата добиени по основ за надоместок за спроведените избори, односно ги вратиле во буџетот на Република Македонија, додека Чичаковски ги уплатил на сметка на организацијата Полио плус.