Инклузивноста е еден од приоритетите на демократското општество кое е еден од главните стремежи на актуелната политичка гарнитура. Меѓу другото тоа е очигледно и од позитивната кампања на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски која активно ги вклучува лицата со посебни потреби, како и лицата со оштетен слух, што не е случај со кампањата на опозициската ВМРО ДПМНЕ и нивната кандидатка Силјановска Давкова.
-Комуникацијата со граѓаните, без оглед на нивниот статус, вера, етничка припадноста и здравствена состојба, треба да биде двонасочна и инклузивна пред се за лицата со нетипичен развој да не се почувствуваат исклучени и/или дискриминирани во општетсвото во кое припаѓаат бидејќи и тие се дел од општествениот и политичкиот живот во државата, сметаат експертите од областа.
На вчерашниот централен митинг на кандидатот за претседател, Пендаровски, на бината можеше да се забележи момче кое на знаковен јазик ги толкуваше пораките на кандидатот и говорниците на митингот, појава што е несекојдневна за политичките кампањи во државата. Но, ова не е прв пример во оваа кампања каде претседателскиот кандидат Пендаровски им се обраќа на глувите и наглуви лица.
Деновиве на телевизиите веќе се емитува ТВ спот кој е целосно преведен на знаковен јазик.
Претходно, бројни видеа на социјалните мрежи објавени од Пендаровски, но и од СДСМ, се со транскрипт, што значително ја подобрува комуникацијата со лицата со оштетен слух.
Она што ја прави посебна изборната кампања на Пендаровски освен пристапот кон лицата со посебни потреби, е позитивноста која се забележува во јавните настапи, како на вчерашниот митинг кој беше одбележан со шаренило, позитивни пораки, поддршка од јавни личности меѓу кои и ракометната легенда Наумче Мојсовски. – забележува јавноста.
За разлика од мрачната и негативна кампања на Гордана Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ и еднонасочната кампања на Блерим Река, кампањата на Пендаровски досега е позитивна, инклузивна и праќа пораки на обединување. – сметаат експерите посочувајќи дека овој позитивен пример мора да го следат и останатите политичари со цел да се подобри квалитетот на живот на оваа категорија на граѓани.
Инаку неодамна стартуваше со работа првиот Контакт Центар за глуви и наглуви лица којшто е дел од програмата на Сојузот на глуви и наглуви лица финансирана од државата. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во своето обраќање на отварањето на Центарот истакна дека поддршката која што глувите и наглувите лица ќе ја добиваат од толкувачи на знаковен јазик преку мобилна апликација ќе значи многу за нивното секојдевно функционирање. Контакт центарот во којшто сега се ангажирани двајца толкувачи работи од понеделник до петок од 8 до 18 часот.
