Од утре па се до вторник нашата територија ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, во исто време ќе бидеме и под влијание на нестабилна воздушна маса која особено во попладневните часови ќе условува зголемена облачност и развој на нестабилност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопштува метеорологот Славчо Поповски.
Локално поради загреаната атмосфера има услови процесите да бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер како и со појава на град. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.