Во текот на следните денови под влијание на Руската студена воздушна маса и понатаму во Македонија ќе имаме многу ниски температури, особено во утринските часови кога истите понекаде ќе се спуштат и до -15 степени, повторно има услови локално истите да се спуштат и под -15 степени.
Поради многу ниските температури и тоа како ќе има услови за појава на голомразица па токму поради ова на пешаците им препорачуваме крајно да бидат претпазливи каде и како се дви
ат, исто така крајна претпазливост и за возачите, особено доколку минуваат низ планинските превои.
Овој викенд ќе имаме претежно стабилно и суво време но со услови за појава на магла по одделни котлини и тоа особено утре. Исто така утре попладне и навечер облачноста ќе се зголемува и осбено на север и северозапад ќе има услови за слаби локални врнежи од снег.
Нови врнежи од снег ќе има веќе во понеделник и тоа со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет со што ќе дојде до зголемување на снежната покривка.
Овој пат накратко на некои од пониските места има услови за врнежи од дожд и снег, веќе во вторник ќе започне да дува и засилен северен ветер а студенниот бран и понатаму ќе продолжи.
Подготви: Славчо Попоски
