Кои се новините во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година?
Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вели дека со усогласувањето на мерките со европската регулатива го трасираме патотот кон едно модерно и конкурентно земјоделско производство, од кое што бенефит ќе има вкупната економија и земјоделците.
-Ги зголемивме субвенциите во сточарството, со цел да ги мотивираме сточарите да работат на подигање на квалитетот на своите производи. Поддршката за грло говеда се зголемува од 2.800 на 3.100 денари по грло.
-За прв пат се воведува дополнителна субвенција по квалитет на млеко. Ако досега производителите на кравјо млеко кои произведуваа млеко со екстра класа добиваа поддршка од 3,5 денари по литар, од сега ќе добиваат 4,5 денари по литар. Поддршката за овчо и козјо млеко се зголемува од 4,5 денари по литар на 5,5 денари по литар млеко.
-Поддршката за презимено пчелно семејство е зголемена од 600 денари на 700 денари по линеарно за сите производители без оглед на тоа колкави се нивните капацитети.