Поддршка од новата германска влада за Западниот Балкан

Во коалицискиот договор на новата германската влада како еден од приоритетите е наведен и регионот на Западниот Балкан. Се најавува продолжена и засилена поддршка за земјите од регионот.

Новата германска влада ќе продолжи да ја поддржува перспективата за влез во ЕУ на земјите од Западниот Балкан. Во коалицискиот договор кој го постигнаа демохристијаните на Ангела Меркел и социјалдемократите, Западниот Балкан е на прво место во делот „билатерална и регионална соработка во Европа и во светот“.

„Ние се залагаме за тоа реформските напори на земјите од Западниот Балкан да ги поддржиме уште посилно од досега. Во таа насока, германската влада и во иднина одлучно ќе ја поддржува соработката во рамките на регионот, и особено во рамките на Берлинскиот процес“, се наведува во коалицискиот договор.

Infografik Karte EU und Balkan ENG

Од друга страна, во него јасно се бара забрзување на реформите и целосно исполнување на критериумите на земјите од регионот.
„Услов за почеток на преговори, односно членство во ЕУ, е земјите од регионот целосно да ги исполнат предвидените критериуми. Тие вклучуваат особено сеопфатни, одржливи и неповратни реформи во изградбата на владеењето на правото и во борбата против корупцијата и организираниот криминал“.

Барањата кои ги издвојува германската влада се на линија со клучните точки од Стратегијата на ЕУ за Западниот Балкан која беше објавена неделава.

Доколку членовите на СПДго потврдат учеството во новата владина коалиција, извесно е дека нов министер за надворешни работи ќе биде Мартин Шулц, досегашниот лидер на социјалдемократите и поранешен претседател на Европскиот парламент. Социјалдемократите и самиот Шулц и во својата програма и во јавните настапи се залагаат за обединување на Европа и за давање шанса на земјите од Западниот Балкан за забрзано членство во ЕУ.

Извор: Дојче веле

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e