Со поддршка на ФИТР создаден уникатен адитив за вода за гасење пожари

Со поддшка на Фондот за Иновации и Технолошки Развој развиен е македонски производ каков досега нема во регионот, а кој може да има голема примена при заштита и гасење на пожари.

69794647_1041078109395816_5332372464020226048_n

Македонската компанија ВТ Продакшн денеска преку три показни вежби денес го презентираше адитивот-ретардер, за вода за гасење и заштита од пожар, наречен Fireless.

69586348_1041078269395800_5671289115031633920_n

Од оваа компанија најавија и дека ќе донираат од 10-15 илјади литри од адитивот на надлежните институции, кои се во вредност од 6-10 илјади евра, за да се утврди неговата функционалност и примена во теренски услови.

69578253_1041078136062480_8562059167622234112_n

На настанот кој се оддржа на полигонот за вежби на Бригадата за против пожарна заштита на град Скопје присуствуваа вицепремиерот Кочо Анѓушев и директорот на ФИТР Јован Деспотовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e