Почина 31 годишна родилка од Гевгелија

Гевгеличанката Елизабета Савиќ Динева (31) починала на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Скопје, откако во критична состојба била донесена од Клиниката за неврологија.

– Пациентката кај нас беше донесена во крајно критична состојба, без дишење. Еден час лекарите на КАРИЛ се бореа за нејзиниот живот и дадоа сѐ од себе, изјавила за „Република“ д-р Маја Мојсова, раководител на КАРИЛ.

Д-р Мојсова вели дека доктор од КАРИЛ бил повикан на консулатации додека пациентката престојувала на Клиниката за неврологија.

– Пациентакта била свесна, разговарала со лекарот. Немала епилептични напади.  Напротив, јадела во креветот додека докторот од КАРИЛ бил да ја прегледа, изјави д-р Мојсова.

Починатата пред дваесетина денови се породила со царски рез во болницата во Гевгелија, но, како што пишуваат нејзини блиски пријатели кои бараат одговори што се случило и одговорност, иако се жалела на тегоби, по три дена била отпуштена дома.

На свет донела здраво  бебе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e