Почетокот на следната седмица ни носи нагло заладување, силен ветер и снег

Под влијание на циклонска активност која постојано се обновува и е со центар над Џеновскиот залив и истата е многу интензивна односно станува збор за длабок циклонски систем, а во исто време од север ќе се спушта многу поладен воздух кој ќе предизвика нагло заладување на времето во понеделник и во вторник 16/17 февруари, објави мтеорлогот Славчо Попоски.

„Во ваква ситуација ќе имаме пообилни врнежи особено во вторник на 17 февруари проследени со силен ветер од северен правец кој повремено ќе достигнува брзина од над 65 км/час и ќе услови врнежите од дожд освен на планинските и повисоките места да преминат во снег и во повеќето пониски места (градови).

Снежната покривка на планинските места и на Скијачките центри ќе се зголеми и ќе се прошири а помала снежна покривка ќе се формира и во дел од пониските места (градовите) особено во вторник 17 февруари“, објави тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e