Победата на локалните избори ќе биде потврда на сите политики на СДСМ на централно ниво

Битола ја замислувам како развиена и перспективна општина во која вреди да се живее, да се работи и создава, тука да се основа семејство, да се твори и спокојно да се старее, град полн со живот, чист и раздвижен, економски развиен, урбанистички современ, инфраструктурно обновен, истакна на вечерашната промоција во Битола кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Битола Христо Кондовски.
-Во втората изборна единица победуваме и во скопските општини.Во Бутел со Велимир, во Гази Баба со Борче, во Ѓорче Петров со Александар и во Шуто Оризари со Ферат.На овие избори фаворит и победник во целата држава ќе биде СДСМ и тоа го гледаме од сите анкети а и од атмосферата во сите општини. Победата на овие локални ќе биде потврда на сите политики на централно ниво. Граѓаните со гласот кој ќе го дадат за најдоброто за секоја општина ќе потврдат дека се за држава која што е просперитетна, модерна и европска држава. – порача од Битола организациониот секретар на СДСМ Мартин Попов.
-Огромен дел од општините во нашата земја во изминатите четири години беа во рацете на кадри од СДСМ. Се работеше вредно и напорно, во целосна координираност со централната власт.Таа силна динамика мора да продолжи и ќе продолжи и по овие локални избори. Само со СДСМ е сигурен развојот на општините, само со СДСМ е сигурен напредокот на државата и дома и надвор, порача на трибината Бојан Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e