Oд утре следува период на многу студено време со умерен до засилен ветер од северен правец. Во деновите од викендот ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови.
Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми, позначителна во западните делови.
Прогноза за 13.02.2021
Минимална температура: -10°C до -4°C
Максимална температура: -5°C до 1°C
Облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од снег, особено попладне и најобилни во југозападните делови. До крајот на денот се очекува насекаде да се формира снежна покривка, а на планините да се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Прогноза за 14.02.2021
Минимална температура: -11°C до -5°C
Максимална температура: -8°C до 0°C
Облачно, студено и ветровито со врнежи од снег пообилни во југозападните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Прогноза за 15.02.2021
Минимална температура: -13°C до -6°C
Максимална температура: -6°C до 2°C
Сончево со мала до умерена облачност, ветровито и студено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.