По повод Денот на Царина се одржа акција на чистење на ГП Богородица и околината

По повод царинскиот празник во организација на царинарница Гевгелија на ден 13.04.2019 година се одржа акција на чистење на ГП Богородица и околината.

На акцијата беше присутен Градоначалникот на општина Гевгелија г-дин Сашо Поцков, претставници на локалната самоуправа, претставници на Полицијата, претставници на комуналното претпријатие, правните субјекти со седишта околу граничниот премин, царински застапници, царински работници од испоставите Гевгелија, Богородица, Дојран, Ново Село, Кавадарци и сите дадоа активно учество во остварување на главната цел на оваа акција-подигање на еколошката свест.

За таа цел покрај собирање на отпадот, на граничниот премин се засадени околу 80 дрвца садници од разни видови: 30 борчиња, 25 леандри, 16 индиски јорговани и 12 мушмули.57104141_2365640860386511_5973127498060267520_n

57083455_2365640973719833_8562108332112871424_n

57052210_2365641050386492_997741269595717632_n

57039861_2365640980386499_4987525090238267392_n

57001892_2365640983719832_6717405722268663808_n

56993975_2365640910386506_1991483460782391296_n

57257076_2365640917053172_2681320230029885440_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e