По иницијатива на Николовски, кривопаланечкиот симит ќе биде брендиран како автентичнa традиционалнa рецептурa

Паланечкиот симит од рецептот на познатиот фурнаџија од Крива Паланка,  Стојковски Станојко,  ќе биде заштитен како бренд  преку внесување во Арката на вкусови која ја подготвува Slow Food Macedonia. Ова го најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој потекнува од Крива Паланка.
286044130_10224425596281610_2221037597348072484_n
 “Со посебна љубов и обврска, како министер надлежен за заштита на традиционалните производи, со Slow Food Macedonia и градоначалникот Sasko Mitovski започнуваме еден проект што вреди многу за нас и генерациите.
Да го вратиме мирисот и вкусот во нашата стара чаршија, да помогнеме со сите мерки и програми и го внесуваме на меѓународните каталози за традиционални специјалитети, вели Николовски.
285945561_10224425595881600_6182544902525792509_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e