,Храброста на грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот македонски колега Зоран Заев е достојна за восхит. Групата „Пријатели на Македонија“, заедно со европратеници ќе предложи кандидатура на премиерите за Нобелова награда, изјави поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев на обраќањето на панелот „Светот е бизнис“ на светскиот економски форум во Давос.