-Ова е шанса каде ЕУ треба да одговори на клучно прашање, а тоа е дека Западен Балкан е на агендата за проширување но одлагањето на датумот и блокадата од Бугарија не е во европски дух и го зголемува евроскептицизмот, рече Славјанка Петровска пратеничката од СДСМ во „24 анализа“.
-Ова прашање е сериозно стратешко прашање на ЕУ и секое понатамошно одложување ќе наштети на демократските процеси на Балканот, жално е што Бугарија не го почитува Договорот за пријателство и го блокираат членствотово ЕУ и тоа не значи дека не сме ги исполниле барањатана ЕУ туку имаме билатерален проблем, додаде таа.
Петровска испрати апел до бугарскиот политички врв сериозно да ја разгледа својата одлука и да се насочи кон тоа што се Северна Македонија направи изминатите години.
– Овој процес е на сите влади досега, но и разочарувањето е исто така за сите граѓани. Кога зборуваме за патот на земјава кон ЕУ не треба да останеме глуви и слепи на заклучоците на телата на унијата кои го потвдуваат напредокот и кои досега неколку пати рекле дека земјава ги исполнува условите за да добие датум за преговори, а Бугарија го злоупотребува правото на вето.