Оставката на премиерот Заев е многу јасна, очигледно дека опозицијата селективно ги следи медиумите и известувањата, истакна Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.
„Претседателот Заев и во владата и во партијата поднесе оставка, но како политичка партија во органите на партијата одлучивме тие да бидат одложени се до целосно стабилизирање на државата. Едно од тие процеси за стабилизација на државата е и зголемувањето на мнозинството и стабилизирање на парламентарното мнозинство, денот на гласањето кога сакаа да се изгласа недоверба стана јасно дека опозицијата го нема тоа долго најавувано парламентарно мнозинство. Како политичка партија сериозна и посветена на демократските процеси во државата остануваме отворени за понатамошна комуникација со сите политички партии, особено со оние кои ги делиме истите вредности“, одговори Петровска на прашањето од новинарите за тоа како смета дека ќе дојде до расплет на политичката криза и дали работат на зголемување на парламентарното мнозинство.