Петровска на средби со колегите од Словенија, Бугарија, Грција и Турција во Брисел

На маргините на министерскиот состанок во седиштето на НАТО во Брисел, министерката Петровска имаше одвоени средби со министрите за одбрана на Словенија, Матеј Тонин, на Бугарија, Стефан Јанев, на Грција, Николаос Панагиотопулос и на Турција, Хулуси Акар.

На средбата со министерот за одбрана на Словенија, Тонин беа потврдени одличните одбранбени односи помеѓу двете земји и интензивната соработка на полето на одбраната. Министрите се договорија дека двете земји ќе потпишат нов билатерален договор за стратешка соработка во одбраната.

Министерката Петровска со бугарскиот колега Јанев, ја потврдија добрата одбранбена соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија и беа разгледани можностите за нејзино зајакнување.

Петровска се сретна и со грчкиот министер за одбрана, Панагиотопулос со кого се ја поздравија засилената соработка во одбраната и се согласија дека двете земји се посветени сојузници.

На билатералната средба со министерот за одбрана на Турција, Акар, двајцата министри се согласија да ја зајакнат одбранбената соработка со заеднички вежби и обуки, и во контекст на модернизацијата на Армијата.

Утрово, министерката Петровска имаше средба со колегите од земјите учеснички во НАТО мисијата за одвраќање и одбрана „Enhanced forward presence” во Латвија под раководство на Канада. Во оваа мисија неколку години учествуваат Канада, Шпанија, Италија, Чешка, Полска, Албанија, Исланд, Словенија, Словачка, Латвија, Црна Гора, а со одлука од минатата година и Северна Македонија. Нашиот контингент летово ќе биде упатен во склоп на контингентот на Словенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e