Петковски: Го почитуваме ставот за избори усогласен кај претседателот

Бидејќи е усогласен ставот на лидерската средба кај претседателот, ние тоа го почитуваме. Ние имавме идеја приоритет да дадеме на проширувањето, да се формира група од сите политички партии, пред се ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и да се лобира малку повеќе, но договорот бил да се организираат изборите на 12 април, рече по средбата на СДСМ со коалицијата лидерот на НСДП, Тито Петковски, чија партија излезе со став изборите да се одржат во јуни.

„Значи, отпаѓа приоритетот проширување, во овој момент треба да се направи синергија, да се мотивираат што повеќе интелектуалци, граѓански организации, политички партии, да се направат избори кои ќе бидат одраз на вистинското расположение на граѓаните, дали сме за ЕУ и НАТО или она што го заговара ВМРО-ДПМНЕ, рече Петковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e