Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за национална безбедност изјави дека заклучокот е дека засега нема потреба, но ако има може да се препорача да се прогласи кризна состојба во други општини.
„Не е потребно да избрзуваме со голо прогласување на кризна состојба или вонредна состојба на целата територија на државата. Бидејќи нема потреба, и дека е јасно дека кризата ќе трае, нема да заврши за недела или две“, рече Пендаровски.
Тој упати апел до граѓаните за стрикно придржување до сите мерки бидејќи тоа е најдобриот начин да се спречи ширењето на епидемијата.