Пендаровски до Заев: Премиере, во мене ќе имате и домашен “Камшикар”

Денеска започна изборната кампања за претседател на Република Северна Македонија.

Владеачката СДСМ и консензуалниот кандидат за претседател заедно со ДУИ, Стево Пендаровски, денеска прв централен митинг држат во Прилеп.

Прво говореше премиерот Заев а во моментов говор држи и Стево Пендаровски. Пендаровски на самиот старт го потсети премиерот Заев на една негова изјава дека нам ни треба еден “камшикар” од Брисел кој ќе ни каже кои демократски стандарди да ги употребуваме за да напредуваме и му порача дека со него како претседател ќе има и внатрешен “камшикар” и дека не му паѓа на памет ако некој му се појави со 61 потпис за мандатар да не го даде мандатот или пак доколку со месеци носени закони во парламентот двапати да не ги потпишува и да биде на таков начин злосторник против својот народ и својата држава. Секако Пендаровски напомена дека сето ова ќе биде во насока на штитење на интересите на сите граѓани.

По овој коментар Пендаровски се насмеа и спортски се поздрави со Заев и го повика на вода и слатко после 5 мај на Водно кога оваа како што кажа Пендаровски работа ќе се заврши како што треба.

Пендаровски на присутните рече дека ќе потпишува закони кои се исклучиво во интересите на граѓаните и дека доколку за некој закон смета дека не е во ред ќе седне со премиерот, било кој да е, и ќе се обидат да го поправат тој закон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e