Претседателот Стево Пендаровски вечерва е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21 каде зборуваше за недобивањето помош од Европската унија, која вечерва објави на кои земји им даде помош за справување на коронавирусот од солидарниот фонд на ЕУ.
Пендаровски објасни дека помошта доаѓа за оние држави што имале штета над 30 милиони евра во одреден период, додека Македонија до тогаш имала штета од нешто од 7 милиони.
„Станува збор за поинаква фактичка состојба. Станува збор за процес кој е отворен пролетта, и имал рок до средината на летото да се аплицира, со предуслови.
Ако веруваме на фактографијата на нашите органи и институции, а јас им верувам, во кои велат дека постоеле долни прагови за општа штета која пандемијата ја предизвикала.
Нашиот ГДП за 2019 година е околу 12,5 милијарди долари, и во тој момент, и откако биле собрани апликациите за штета, од сите општини, било заклучено дека сме „кратки“ во тој дел. Или во бројки штетата претпоставена требало да биде над 30 милиони евра, ние сме биле некаде во штета од 7,5 милиони евра, со тоа не сме можеле да поднесеме апликација“, рече Пендаровски кој додаде дека не е точна информацијата дека државата е „извисена“ од страна на ЕУ.
„И сега некој може да каже па зошто не сме пријавиле поголема штета. Па зарем да ги фалсификуваме финансиските изештаи?“, прашува Пендаровски.
Целата изјава низ видеоto во продолжение: