Кандидатот за претседател Стево Пендаровски по првиот круг избори, на денешната прес конференџија рече дека ги разбира граѓаните кои не излегоа на гласање и нивниот сигнал до политичарите. „Пораката е примена“, рече тој.
-Убеден сум дека за две недели ќе излезат и ќе гласаат за мене. Ја очекувам поддршката на гласачите на Река тие ја поддржуваат мојата опција, а не блокадите на Силјановска. Од денеска ја продолжувам мојата кампања. Петти мај е новиот датум за да спречиме повторна блокада на ЕУ и НАТО интеграции, изјави Пендаровски.
Иако власта очекуваше поголема победа, тесниот резултат, според него, се должи на непопуларните одлуки кои биле донесени од 2016 па до сега. Разликата меѓу него и Силјановска Давкова во првиот круг е 4600 гласови.
За коалициските партнери, Пендаровски рече дека не може да види индикатор дека не работеле и седеле дома.
-Направивме тешки компромиси и договор со Бугарија и Грција и тоа влијаело на граѓаните, смета Пендаровски, кој додаде дека оваа кампања на моменти личела на парламентарни избори.
Според него, излезноста се намалува на секои претседателски избори последователно и дека тоа е тренд, но верува дека во вториот круг ќе биде постигнат цензус.
