Пендаровски: Судиите од Уставен треба да знаат дека повеќе не живееме во времето на Груевски

Со повлекувањето на членот 11 од законот за помилување, големи се шансите за влез во најголемиот правен хаос со одлуката на Уставниот суд за аболицијата на Иванов. Ако оваа иницијатива стане одлука ќе имаме враќање на состојбата пред Шарената револуција од пред неколку години.Нема да можете никого да убедите дека има правна сигурност. Ќе стане тотален правен хаос и се плашам дека тоа може да предизвика проблеми и на нашиот евроатлански пат.Не постои момент во кој можете да кажете од сега правата функционира 100 отсто. Тоа се мали чекори. Перцепцијата на нашите граѓани е дека сме најтенки во секторот правда, вели претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Во однос на изјавата на претседателот која беше протолкувана како притисок врз судиите од Уставниот суд, Пендаровски изјави дека не станува збор за никаков притисок туку повик да се разбудат дека оваа држава не е повеќе од времето на Груевски кога тие биле поставени за судии.

-Никогаш не сум спаѓал во луѓето кои сметаат дека одлуките на судовите не се коментираат. Не постои ниту еден домашен или меѓународен документ кој забранува да се коментираат одлуки на судовите, вклучувајќи го и Уставниот суд во било која фаза од постапувањето. Тоа беше повик да се разбудат, дека живееме во друг амбиент и правни и политички од тој период кога аболицијата можеше да помине иако не беше правна одлука на претседателот, вели Пендаровски.

Тој додава дека не треба да се дозволи да се чека до крај да се донесе и да се образложува.
-Сите знаеме во изминатите години во времето на Груевски се бираат судиите. Највисоките правни експерти се ставаат во Уставниот суд. Како почна, одлуката на овој суд изгледа ќе биде политичка, вели Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e