Денеска попладне партнерите од владината коалиција СДСМ-ДУИ се очекува да го објават името на консензуалниот кандидат за претседател на државава. Досега во јавноста се шпекулира дека меѓу кандидатите се Стево Пендаровски, Никола Димитров, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски.
Сепак, останува да се види дали некое од овие имиња ќе добие зелено светло за влез во претседателската трка или ќе се појави некое друго име. Во меѓувреме, опозициската ВМРО ќе се натпреварува со универзитетскиот професор Гордана Силјановска, додека албанската опозиција: Сојузот за Албанци и БЕСА ќе го поддржи професорот Блерим Река, кој ќе дејствува како независен кандидат.
Извор: Алсат
